• петок, 05 декември 2025

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров

МВР во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Министерството за внатрешни работи информира дека во петок ќе уништува гранати во Полицискиот центар во Ѓорче Петров.

-Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 14.11.2025 во 07:00 часот во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров во Скопје ќе бидат уништени гранати, за кои според стручна анализа е утврдено дека не може да се транспортираат надвор од полицискиот центар, соопштуваат од Минитертвото.

Од МВР посочуваат дека гранатите ќе бидат уништени според предвидените безбедносни стандарди. фф/са/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан