
Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - На 21.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(37) од с.Пирок, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.01.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(22) од с.Волково, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.01.2025 во 21.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.Р.(44) од с.Пирок, тетовско, затоа што кај него бил пронајден и одземен хероин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 21.01.2025 во 18.30 часот на ул.„Павел Шатев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.А.(18) и 17 - годишна малолетничка, двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.01.2025 во СВР Штип, од Казнено – поправната установа Затвор Штип било пријавено дека при контрола во установата, од осуденикот М.Е.(25) од Струмица била одземена прашкаста материја. Полициски службеници од Oтсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 21.01.2025 во 09.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Врбјани, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
На 21.01.2025 во 13.26 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Мавровска крстосница - Дебар, пред крстосницата за с.Скудриње, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(65) од с.Равен, гостиварско и патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од Џ.М.(38) од Дебар. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот Ф.К., а неговата сопатничка Л.К.(48) од Република Албанија со престој во с.Равен се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
На 21.01.2025 во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, Љ.Т.(62) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 21.01.2025 во 21.00 часот во Полициската станица Гази Баба, Л.А.(65) од Скопје пријавила дека на ул.„Архимедова“ во Скопје била касната од куче скитник.
Фото: МИА