МВР Билтен
- На 13.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Р.(42), Ш.А.(31), В.С.(33), В.С.(32), З.Л.(40), Г.Г.(37), Б.Б.(35), А.Р.(29), С.Р.(28), А.К.(45), Б.М.(38), 17-годишник, сите од Скопје, С.Р.(32) с.Кондово, скопско и М.В.(32) од Србија затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, таблети. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Скопје, 14 декември 2025 (МИА) - На 13.12.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Н.Р.(42), Ш.А.(31), В.С.(33), В.С.(32), З.Л.(40), Г.Г.(37), Б.Б.(35), А.Р.(29), С.Р.(28), А.К.(45), Б.М.(38), 17-годишник, сите од Скопје, С.Р.(32) с.Кондово, скопско и М.В.(32) од Србија затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, таблети. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(84) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид. На 04.12.2025 во угостителски објект на ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, во делот кој се користи за живеење, пријавениот со остар предмет ја нападнал Г.П.(61) од Куманово.
На 13.12.2025 во 23:20 часот во с.Тодоровци, општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициската станица Македонска Каменица го лишија од слобода Д.П.(31) од Македонска Каменица затоа што пред дворот на куќата каде што престојува е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Извршен е службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Б.М.(65) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство врз дете’’. На 27.11.2025 во с.Банско, пријавениот пукал од воздушна пушка и погодил еден малолетник.
На 13.12.2025 околу 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на патот Гостивар - Тетово, пред с.Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Х.(23) од с.Урвич, тетовско и патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, управувано од Е.Б.(27) од с.Пирок, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „бмв“ С.Х. и сопатникот од патничкото возило „мерцедес“ Р.С.(52) од с.Пирок, тетовско, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Т.С.(29) од Австрија и две деца, како и возачот на патничкото возило „мерцедес“, констатирани во Клиничка болница Тетово и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
На 13.12.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Димитар Туриманџовски“ и бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(28) од Скопје и велосипед управуван од Б.З.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Денеска (14.12.2025) во периодот од 00:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар во додејство со Управа са јавни приходи и Државна пазарна инспекција извршиле акциска контрола по угостителски објекти на подрачјето на Полициската станица Гостивар. При контролата, во угостителски објект на ул.,,Живко Брајковски" во Гостивар затекнати се три 17-годишни малолетнички после 24:00 часот, кои се предадени на нивните родители. По целосно документирање на случајот, против сопственикот ќе следува соодветен поднесок за присуство на малолетноци во објектот после 24 часот, додека од страна на другите органи ќе бидат преземени соодветни мерки во рамки на нивните надлежности.
На 14.12.2025 околу 03:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Благоја Стефковски“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(50) од Скопје удрил во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од М.М.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 13.12.2025 околу 12:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на ул.„Прилепска“ во Кичево, патничко возило „тојота“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(68) од Кичево, удрил во четиригодишно дете од с.Арангел, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило четиригодишното девојче, констатирани во Медицински центар Кичево. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.
На 13.12.2025 во 16:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 12.12.2025 околу 16:40 во во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, во игротеката, М.К. агресивно се однесувал кон малолетник, по што настанала физичка пресметка помеѓу М.К. и таткото на малолетникот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.12.2025 во 04:20 часот во СВР Скопје, А.Б.(19) од Скопје пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, додека управувал патничко возило „порше“ со скопски регистарски ознаки, патот му го попречиле две возила, од кои излегле неколку лица кои му се заканиле со пиштол, при што еден од нив со рачка од пиштолот му го оштетил ветробранското стакло. Според пријавеното, при обид да побегне удрил во паркирано товарно возило и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.12.2025 во 17:45 часот во СВР Скопје, З.Д.(43) од Скопје пријави дека во 12:45 часот пред соблекувална на стадион на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 11.12.2025 во 01:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 10.12.2025 околу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје настанал пожар во патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.С.(62) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 13.12.2025 во 10:45 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Сремски Фронт“ во Штип настанал пожар на оџак во зграда, при што бил оштетен стан сопственост на М.С.(74) од Штип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.
На 13.12.2025 во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар на два магацини, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат. Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користи М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.12.2025 околу 21:30 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „8 Септември“ во Скопје е пријавено дека кај нив е донесена почината О.В.(80) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција. миа/миа/
фото: МИА