МВР билтен
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од село Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.
Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) - СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.М.(29) од село Челопек, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: „спречување службено лице при вршење службено дејствие’’ и „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 14.10.2025 во Ургентниот центар во Тетово, пријавениот физички нападнал лекар и полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против О.С.(33) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 27.09.2025 пријавениот пред маркет во Виница упатил закани и со нож замавнал кон А.И.(32) од Виница, на кој претходно и преку социјална мрежа му упатувал закани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Љ.М.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 08.10.2025 во службена просторија на основно училиште во Тетово, пријавената физички нападнала ученичка.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од село Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, вработен како чувар на шуми и задолжен од подружницата да врши прием на дрвни сортименти од приватни шуми и издавање на испратници за превоз, во повеќе наврати без претходно да ја утврди фактичката состојба од каде потекнува посечената дрвна маса издал службена документација -приемница за сеча, приемница за дотур и испратница за превоз за нето дрвна маса во вкупна количина од 38,43 метри кубни, иако свесно знаел дека дрвната маса потекнува од шума во сопственост на Република Северна Македонија.
На 23/24.11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода З.Д.(45) од Скопје, И.Б.(23) од нас.Илинден, скопско, Д.Д.(31) од Велес, Д.Ј.(20) од Кочани и П.В.(25) од Грција, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Полициски службеници вчераво 8:45 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, го лишија од слобода Н.Ј.(36) од село Седларево, тетовско, затоа што при гранична контрола е констатирано дека евидира со мерка „апси“. Тој е предаден на полициски службеници од СВР Тетово за понатамошна постапка.
44-годишна жена од Скопје вчера во 16:30 часот во СВР Скопје пријави дека на 04.10.2025 во Скопје, малолетник извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
С.М.(30) од Скопје синоќа во 00:20 часот во СВР Скопје пријави дека на 23.11.2025 околу 23:00 часот во двор на семејната куќа на подрачјето на Драчево, бил физички нападнат од П.Б.(27) од село Здуње, општина Македонски Брод, со престој во Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
М.С.(30) од село Студеничани, скопско, вчера во 21:16 часот во СВР Скопје пријави дека во казино на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Н.К.(51) од Скопје вчера во 14:40 часот во СВР Скопје пријави дека околу 14:00 часот на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во подрумска просторија од неговата куќа. Пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.
Вчера околу 13:00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при претрес кај осуденикот М.К.(38), кој се вратил од викенд отсуство, пронајдени се и одземени марихуана и таблети. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 10:00 часот лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12 - годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор. По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави. вј/
Фото: МИА архива