МВР билтен
- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.М.(30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Скопје, 8 јануари 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ш.М.(30) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.08.2025 на ул. „Боро Шаин“ во Струга, полициски службеници го затекнале пријавениот како фрла кеса со марихуана, која е пронајдена и одземена.
Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против Ф.A.(25) од Република Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 28.12.2025 на Граничен премин „Меѓународен Аеродром Скопје“, на излез од државата, при извршена контрола, констатирано е дека пријавениот го пречекорил дозволениот туристички престој од 90 дена во последните 180 дена, при што на влез и излез користел две турски патни исправи.
Полициски службеници од СВР Скопје синоќа на различни локации во Скопје ги лишија од слобода С.Ш.(19) и Б.Љ.(36), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(49) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 08.12.2025, пријавениот насилно влегол во домот на Д.Б. од Охрид, физички го нападнал, по што му го одзел паричникот. Полициски службеници од СВР Охрид за кратко време го пронајдоа сторителот и го лишија од слобода.
Во СВР Битола вчера во 11:54 часот е пријавено дека на ул. „Столарска“ во Битола, патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(65) од Битола, удрило во 58-годишната Е.Т. од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Т., констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Во СВР Скопје синоќа на полноќ 36-годишен маж од Скопје пријави дека на 04.01.2026 во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата 36-годишна партнерка И.В. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Утринава во 02:45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа 53-годишната В.Ц., С.Ц.(45) и 16-годишник, сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во Полициската станица Чаир, вчера во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Е.Б.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 38-годишна партнерка дека физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Р.С.(80) од Скопје вчера во 15:10 часот во СВР Скопје пријави дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од Ѓ.М.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 600 евра. Според пријавеното, тој на 19.09.2025 на социјална мрежа стапил во контакт со едно лице, кое се претставило како управител на приватна фирма од Тетово и се договориле за достава и монтажа на собна врата, при што на друго лице, вработен како техничар во фирмата, на каса-прими му исплатил аванс од 600 евра. Откако поминал договорениот рок за монтажа, тие не биле достапни на телефон, по што пријавителот сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.вј/
Фото: МИА архива