МВР Билтен
- СООПШТЕНИЕ - На 22.01.2025 во 12.00 часот на улица „Питарница 6“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Ф.(68) од Гостивар поради основи на сомнение дека на 21.01.2025 извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети од објект во изградба во Гостивар.

23 јануари 2025
На 22.01.2025 во 12.00 часот на улица „Питарница 6“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Б.Ф.(68) од Гостивар поради основи на сомнение дека на 21.01.2025 извршил кривично дело „кражба“, при што одзел повеќе предмети од објект во изградба во Гостивар. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Б.Ф. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 14.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.Ј.(50) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 239 семки за кои постои сомнение дека се од растението канабис и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.01.2025 во периодот од 20.30 до 20.55 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за општ и насилен криминал извршиле претрес во простории кои ги користи С.А.(22) во с.Врапчиште, гостиварско, а се сопственост на Ш.А.(20) од с.Врапчиште, кој се наоѓа надвор од државата, поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење на животни“ по член 233 од Кривичниот законик. При претресот биле пронајдени четири кучиња - три од раса „питбул“ и едно куче од раса „доберман“, кои биле користени за борба на кучиња. Со С.А. бил извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
На 22.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.М.(18) и А.Д.(23), двајцата од Крива Паланка, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода Б.А.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, го лишиле од слобода П.Р.(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 21.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 10.15 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.В.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (23.01.2025) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.Б.(49) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 17.25 часот на ул.„Наум Наумовски Борче” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Г.Ј.(33) од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 18.40 часот на ул.„Кланица” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Ј.Д.(21) од Битола, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 18.20 часот во Штип, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 22.01.2025 во 11.55 часот на Граничниот премин Блато, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Е.О.(23) од Република Турција, затоа што при извршена контрола било констатирано дека возачката дозвола што ја дал на увид била фалсификувана. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Дебар за понатамошна постапка.
На 22.01.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот - обиколница на град Скопје, во близина на клучка Смилковци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(54) од с.Арачиново, скопско, патничко возило „хјундаи“ со косовски национални ознаки, управувано од Б.Б.(54) од Косово, патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(27) од с.Радишани, скопско, товарно возило „сканиа“ со приколка со бугарски национални ознаки, управувано од Д.Д.В.(55) од Бугарија и паркиран автобус „санос“ со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.С., додека со телесни повреди се здобиле возачите Б.Б. и М.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 22.01.2025 околу 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населба Скопско Поле, скопско, патничко возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(60) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
На 22.01.2025 во 10.10 часот во ОВР Гостивар, Џ.С.(58) од с.Горна Бањица, гостиварско, пријавил дека на улица „ЈНА“ во Гостивар бил каснат од куче скитник.
На 22.01.2025 во 16.40 часот во СВР Битола, И.Р.(37) од Битола пријавил дека на ул.„16” во Битола, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 22.01.2025 во 17.10 часот во СВР Битола, А.А.(60) од Битола пријавила дека на ул.„16” во Битола била касната од куче скитник.
Фото: МИА