
Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - На 06.02.2025 во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Љ.(50) од Тетово поради основано сомнение дека на 01.02.2025 извршил кривично дело „тешка кражба“, при што од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од с.Милетино, тетовско, одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 06.02.2025 во 19.15 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.А.(18) од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела гручеста материја, таблети и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против лицето ќе следува соодветна кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
На 05.02.2025, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, а поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик, полициски службеници од СВР Битола извршиле претрес во дом и помошни простории на Д.С.(20) во с.Трап, битолско. При претресот биле пронајдени и одземени четири ловечки пушки, една воздушна пушка и куршуми за пушки од различен калибар. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе следува соодветна пријава.
На 06.02.2025 во 14.40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(18) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.02.2025 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(48) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.02.2025 во 16.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.02.2025 во 16.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Р.(44) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.02.2025 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.О.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.02.2025 во 22.00 часот на улица ,,Иво Рибар Лола“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Х.С.(34) и А.П.(22), двајцата од Тетово, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе им биде изготвен соодветен поднесок.
На 06.02.2025 во 23.30 часот на ул.„Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Б.Д.(39) од Прилеп, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и грутчеста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 06.02.2025 во 07.30 часот во СВР Битола било пријавено дека на депонија „Мегленци“ во општина Новаци била пронајдена артилериска граната со калибар 75мм, која потекнувала од Првата светска војна. Гранатата била безбедно подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола.
На 06.02.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Чаир, Е.Ф.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 06.02.2025 во 16.50 часот во Полициската станица Центар, В.Ј.(42) од Скопје пријавил дека на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 06.02.2025 во 19.40 часот во Полициската станица Аеродром, Н.И.(49) од Скопје пријавила дека на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.
Фото: МИА