• петок, 21 февруари 2025

Обвинителството и полицијата да кажат зошто не го повикале Ахмети кој точно знае каде е Груби, вели Меџити

Обвинителството и полицијата да кажат зошто не го повикале Ахмети кој точно знае каде е Груби, вели Меџити

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на новинарско прашање зошто лидерот на ДУИ Али Ахмети не е повикан во Обвинителството и во полиција ако е сигурен дека тој е во секојдневна комуникација со поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е во бегство, кажа дека адресата за тоа прашање се двете спомнати институции. 

- Тоа не е моја работа, тоа е работа на Обвинителството и на Полицијата, но јас ги познавам одвнатре, гледам како функционираат и гледам дека уште се под негово влијание, кажа Меџити.

На дополнително прашање дали како Влада имаат информации од МВР дали е лоциран Груби и дали со оглед дека изјавил дека Груби е во комуникација со високи челници на ДУИ смета дека Обвинителството по допрен глас треба да ги повика на разговор, Меџити повторно упати на Ахмети.

- Прашајте го г. Ахмети тој точно знае каде е, така изјави јавно, рече Меџити на новинарско прашање пред обраќањето на завршниот настан на проектот „Градење капацитети кон одржлив развој на човечкиот капитал во Северна Македонија“. вг/бак/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан