• сабота, 22 февруари 2025

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 5 февруари 2025 (МИА) - Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 став 1 од Кривичниот законик. На 23.01.2025, со судска наредба, бил извршен претрес во просториите кои што ги користи пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка „АК-47“ со калибар 7.62х39 мм, две рамки за пушката и 30 куршуми за пушката калибар 7.62х39 мм.

На 04.02.2025 околу 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.Л.(21) од Скопје затоа што претходно физички ги нападнал неговите две сестри. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 04.02.2025 во 17.40 часот во СВР Скопје, М.В.(49) од Скопје пријавил дека околу 17.20 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на возило во пајак служба, бил физички нападнат од М.Ј.(48) од Скопје, на кого претходно му било подигнато возилото. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 04.02.2025 во 23.20 часот во Скопје, пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ј.П.(53) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 04.02.2025 во 09.00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од Скопје пријавил дека едно лице, со кое неговата малолетна ќерка била во врска, извршило обљуба врз неа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.02.2025 во 10.30 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Х.С.(16), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.   

На 04.02.2025 во 15.00 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско село во населба Ченто било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Штип поднесе кривична пријава М.А.(29) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 02.02.2025 во Свети Николе, пријавениот со нож упатил закани на негов сосед и фрлал камења во неговиот двор, по што и физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.Ш.(37) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.02.2025 во Штип, полициски службеници, со судска наредба, извршиле претрес во деловен објект каде престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, пари и патничко возило „ауди“. На пријавениот му е одредена мерка притвор од 30 дена.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.О.(37) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи’’. На 01.01.2025, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Т.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.01.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол „Luger P.08“ калибар 9мм. Додека, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени куршуми со калибар 9мм, марихуана, шприц исполнет со хашиш...

На 05.02.2025 во 01.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, М.А.(50) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка М. А.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.С.(27) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На  23.07.2023 во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо“, во кое бил пријавениот со уште едно лице, при што била пронајдена и одземена марихуана од која пријавениот му овозможил на другото лице да користи. вг/

Фото: МИА Архива

 

 

 

Остани поврзан