• недела, 05 мај 2024

МВР: 740 санкции за брзо возење

МВР: 740 санкции за брзо возење

Скопје, 11 март 2024 (МИА) - Во рамки на акциската контрола на територијата на државата за санкционирање возачи кои управуваат со возила со брзина поголема од дозволената, полицијата казни 740 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 62 возачи управувале со возила со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 378 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 362 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за побезбедни патишта.

фото МИА архива

Остани поврзан