• вторник, 30 декември 2025

Мбапе го пропушти тренингот на Реал пред натпреварот со Сити

Мбапе го пропушти тренингот на Реал пред натпреварот со Сити

Мадрид, 9 декември 2025 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го пропушти тренингот на тимот пред натпреварот од 6. коло од Лигата на шампионите против Манчестер сити, објави новинарот Марио Кортегана на социјалните мрежи.

Натпреварот ќе се одржи утре, 10 октомври, и ќе започне во 21 часот.

Според шпанските медиуми, францускиот фудбалер Едуард Камавинга, исто така, го пропушти тренингот со тимот.

Мбапе одигра 21 натпревар за Реал Мадрид во сите натпреварувања во сезоната 2025/26, постигнувајќи 25 гола и четири асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан