• петок, 05 декември 2025

Пингпонгарите на Зегин Берово се есенски јуниорски државни шампиони во двете категории

Пингпонгарите на Зегин Берово се есенски јуниорски државни шампиони во двете категории

Скопје, 10 ноември 2025 (МИА) - По одигрување на вториот турнус во Јуниорска лига за машки и девојчиња пингпонгарскиот клуб Зегин Берово го завршува првиот дел од сезоната на првото место. 

Со максимален учинок од 10 и шест победи, соодветно кај машките и женските, Берово е есенски шампион.

-Јуниорската лига е приказ на тоа колку македонските екипи вложуваат во децата и младите и така ги градат идните шампиони на македонскиот пинг-понг, објави МТТФ.

Пелагонија и Младост 96 следат во чекор на второто и третото место во двете категории. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан