• сабота, 22 февруари 2025

Маркус Рашфорд има нов клуб

Маркус Рашфорд има нов клуб

Бирмингем, 2 февруари 2025 (МИА) - Повремениот англиски репрезентативец Маркус Рашфорд кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд замина на позајмица во Астон Вила.

Клубот од Бирмингем ќе плаќа 70% од платата до крајот на сезоната, а 40 милиони е вкупната клаузула за откуп. Доколку ја активираат, Рашфорд ќе потпише тригодишен договор.

Откако Рубен Аморим пристигна во Манчестер, нема место за Рашфорд, па ова е одлуката на Англичанецот да се проба во друга средина. дс

Фото: Архива

Остани поврзан