Марков: Клиниката за дерматологија во време на СДС давала приватни услуги на пациенти и наплаќала надомест незаконски, ЈО да отвори постапка
- СООПШТЕНИЕ -

Скопје, 31 јануари 2025
Раководството од СДС на Клиниката за дерматологија наплаќало услуги од пациенти без да поднесе извештај до Министерството за здравство.
Имено, Клиниката за дерматологија има право да дава услуги на пациенти кои плаќаат со лични средства и странци во делот на козметологија за што е потребно на секои шест месеци да доставува Извештај до Министерството за обемот и видот на извршените здравствени услуги.
Дополнително за да извршува таков тип на работа, Клиниката морала да има согласност од Министерството за здравство, која што ја немало.
Ова е констатација на Извештајот на Државниот завод за ревизија изготвен во 2024 година, за периодот од 2023.
ДЗР констатира дека Клиниката морала да има одобрен ценовник од Министерството за здравство, на база на кој ќе дава и наплаќа услуги, а го немала, со тоа, дадените услуги платени од парите на граѓаните ги наплаќала незаконски.
ЈО да постапи по Извештајот на ДЗР и да ги истражи овие наоди. ЈО да отвори постапка и да утврди како се наплаќани парите, колку се наплаќало и дали дел завршувале и во приватни џебови.
Петар Марков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
______________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ