Мареска: Прашање е за Челзи дали заслужувам нов договор
- Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ги коментираше гласините извештаите за можно продолжување на договорот.
Лондон, 20 декември 2025 (МИА) – Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, ги коментираше гласините извештаите за можно продолжување на договорот.
- Ако клубот ми понуди нов договор? Прашање е за клубот дали заслужувам нов договор, го цитираше новинарот Фабрицио Романо Мареска.
Четириесет и петгодишниот Италијанец е тренер на Челзи од летото 2024 година. Под негово водство, „сините“ одиграа 89 натпревари и постигнаа 55 победи, 14 нерешени и 20 порази.
Во тековната сезона, Челзи освои 28 бода и е четврти на табелата во Премиер лигата. зс/
Фото: ЕПА