• петок, 05 декември 2025

Манасиевски: Поранешни блиски соработници на Филипче поради него му го свртеа грбот на СДС

Манасиевски: Поранешни блиски соработници на Филипче поради него му го свртеа грбот на СДС

Скопје, 13 ноември 2025

Филипче го доведе СДС на тотален распад поради неговата лојалност кон  Зоран Заев, додека од друга страна од СДС си одат или се дистанцираат поранешни партиски функционери и членови, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Филипче во СДС гледа само корист, а не партија со која треба да понуди програма, визија или стратегија за тоа како ја гледаат државата во иднина.

Филипче работи исклучиво по насока на Заев, а доказ за сето ова е тоа што негови поранешни блиски соработници не сакаат да се вратат во партијата, поради недостигот на лидерство и капацитет да се врати партијата на старите патеки.

Во јавноста веќе се повеќе се потврдува и нашата информација која ја добивме од Бихачка, а тоа е дека познат доктор,  воедно и поранешен градоначалник, кој важел своевремено за близок соработник на Филипче, одбил позиција во раководството, од причина што Филипче за него бил нерелевантен и човек без кредибилитет.

Во СДС се потребни итни реформи во раководството. Она што Филипче, Заев и Ковачевски му го направија на СДС, ги доведе да бидат трета партија во Македонија, а петта во Скопје.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан