• сабота, 13 декември 2025

Манасиевски: Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи

Манасиевски: Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи

Скопје, 17 ноември 2025

Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДС спадна на 120.000 гласови и само 6 општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара.

Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека Филипче се повеќе го губи легитимитетот во партијата.

Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите познати чекори и не поднесува оставка, туку продолжува да изработува за Заев, со поставувањето на Трајановски за потпретседател.

Народот воопшто не очекува резултати од Филипче, кој несомнено е продолжена рака на Зоран Заев во СДС. Затоа и јавноста, но и членови, активисти и симпатизери на СДС бараат оставка од Филипче и промени во раководството.

Доколку СДС сака да исчезне од политичката сцена, Филипче нека продолжи така.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан