Малолетен кавадарчанец повреден од воздушна пушка, при случајно пукање од негов другар додека ја разгледувале
- Малолетен кавадарчанец бил повреден од воздушна пушка, при случајно пукање од негов другар, додека ја разгледувале, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Кавадарци, 17 ноември 2025 (МИА) - Малолетен кавадарчанец бил повреден од воздушна пушка, при случајно пукање од негов другар, додека ја разгледувале, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот. Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена, појаснија од СВР Велес.
Оттаму додадоа дека увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот, ќе бил поднесен соодветен поднесок. свд/вј/
Фото: МИА архива