• среда, 07 јануари 2026

Макрон: Франција не ги одобрува методите што се користат за соборување на Мадуро

Макрон: Франција не ги одобрува методите што се користат за соборување на Мадуро

Париз, 5 јануари 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска пред министерскиот совет изјави дека Франција „не ги поддржува ниту одобрува“ методите што ги користат САД за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави портпаролката на владата Мод Брехон.

-Шефот на француската држава додаде дека Николас Мадуро е „диктатор“ и дека неговото отстранување е „добра вест за Венецуелците“, изјави таа за медиумите.

Макрон беше критикуван, особено од левицата, за неговата првична реакција, во која не го спомена методот што го користел Вашингтон. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан