• петок, 21 февруари 2025

Македонските фудбалерки денеска против Косово стартуваат во Лигата на нации

Македонските фудбалерки денеска против Косово стартуваат во Лигата на нации


Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација денеска во Скопје против Косово ќе го одигра воведниот натпревар од новата сезона во Лигата на нации.
Натпреварот е со почеток во 14 часот на Тренинг комплексот „Петар Милошевски“.
Македонската репрезентација во пресметката против Косово ќе биде ослабена без услугите на капитенот Наташа Андонова која не допатува во Скопје поради повреда.
Групата 6 од Ц дивизијата во Лигата на нации ја комплетира Летонија која ќе биде следен противник на Македонија на 4 април, исто така, во Скопје. ег

Остани поврзан