• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Макаби ќе има нова локација за „домашните“ натпревари во Евролигата

Макаби ќе има нова локација за „домашните“ натпревари во Евролигата

Тел Авив, 12.јули 2025 (МИА) - Кошаркарскиот клуб Макаби во новата сезона на Евролигата ќе има нов „домашен терен“. Заради воената состојба во Израел изминативе две сезони Макаби натпреварите ги играше во Белград во салата Пионир (Александар Николиќ). 

Новата локација за следната сезона треба да биде Дубаи каде „гордоста на Израел“ би требало да ги игра натпреварите. Олеснителна околност е и тоа што во новата сезона Дубаи ќе има евролигаш бидејќи и екипата на Дубаи ќе биде дел од најквалитетното европско кошаркарско натпреварување. 

Уште една поволност за тимот на Макаби е и тоа што голем број на Израелци живеат во Дубаи.    мн/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан