• петок, 05 декември 2025

Фудбалерите на Египет се пласираа на СП 2026

Фудбалерите на Египет се пласираа на СП 2026

 

Казабланка, 8 октомври 2025 (МИА) – Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство 2026, откако вечерва го победи Џибути со 3-0 во африканските квалификации.

На едно коло пред крајот во квалификациската група А, Египет на првото место има недостижни пет бодови повеќе од второпласираната Буркина Фасо.

Египет во 1934 година стана првата африканска земја која настапи на мундијалскиот турнир, а потоа настапи и на светските првенство во 1990 и во 2018.

Претходно, настап на СП кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, покрај трите домаќини, обезбедија и Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, актуелниот светски шампион Аргентина, Еквадор, Бразил, Уругвај, Парагвај, Колумбија, Мароко и Тунис. ег

ФОТО: ЕПА

 

Остани поврзан