• среда, 25 март 2026

Франција и Норвешка се пласираа во четвртфиналето на Светското младинско првенство

Франција и Норвешка се пласираа во четвртфиналето на Светското младинско првенство

Сантијаго, 9 октомври 2025 (МИА) – Репрезентациите на Франција и на Јапонија се пласираа во четвртфиналето на Светското младинско првенство во фудбал.

Франција ноќеска ја победи Јапонија со 1:0 во осминафиналето на Мундијалот во Чиле. Регуларното време заврши без голови. Лукас Мишал реализираше пенал кон крајот на продолжението.

Во другиот натпревар, Норвешка го победи Парагвај со голот на Никлас Фуглестад исто така во продолжението.

Покрај двојката Норвешка – Франција, формирани се уште два пара за четвртфиналната фаза:
Мексико – Аргентина 
Шпанија – Колумбија.

Осминафиналето ќе биде комплетирано по натпреварите:
САД – Италија 
Мароко – Јужна Кореја. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан