• среда, 07 јануари 2026

Мадуро пристигна во Федералниот суд во Менхетен

Мадуро пристигна во Федералниот суд во Менхетен

Вашингтон, 5 јануари 2026 (МИА) – Соборениот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој е обвинет за трговија со дрога и оружје, пристигна во Федералниот суд во Менхетен, Њујорк.

Мадуро со лисици на рацете, облечен во кафеава јакна и панталони и опкружен со вооружени полицајци пристигна во судот.

Мадуро беше приведен на 3 јануари е обвинет од американското судство, меѓу другото, за „наркотероризам“ и увоз на кокаин во САД. ми/мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан