• петок, 21 февруари 2025

Магнусен назначен за тест возач во Хас

Магнусен назначен за тест возач во Хас

Лондон, 22 јануари 2025 (МИА) - Извршниот директор на Хас, Ајао Комацу, изјави дека поранешниот возач на тимот, Кевин Магнусен ќе остане да работи како тест возач.

- Во Хас тој ќе биде вклучен главно во тестирањето на претходните болиди во тимот од Банбери, што ќе му овозможи да вози болиди стари две години како репер за Окон и Бирман, изјави Коматсу, за „Racingnews365“.

Дваесет и осумгодишниот Данец се натпреварува во Формула 1 од 2014 година и има постигнато 158 поени. 

Единствен подиум му е на трка за Големата награда на Австралија, завршувајќи втор. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан