Лукашенко помилува осум затвореници два дена пред претседателските избори
- Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува осум затвореници осудени за „екстремизам“, обвинение што се користи против неговите противници.

Минск, 24 јануари 2025 (МИА) – Белорускиот претседател Александар Лукашенко помилува осум затвореници осудени за „екстремизам“, обвинение што се користи против неговите противници.
- Пет жени и тројца мажи кои извршиле екстремистички злосторства се помилувани, се вели во соопштението на Прес-службата на белорускиот претседател и се додава дека помилуваните имаат деца, а една жена е бремена.
Помилувањето беше објавено два дена пред претседателските избори на кои Лукашенко (70), кој е на власт 30 години, се надева дека ќе обезбеди уште еден, седми петгодишен мандат на чело на поранешната советска република која се граничи со Европската унија, Украина и Русија. јт/
Фото: МИА архива