Лион ќе покрива половина од платата на Ендрик
- Лион продолжува со преговорите со Реал Мадрид за позајмица на напаѓачот Ендрик.
Мадрид, 13 ноември 2025 (МИА) - Лион продолжува со преговорите со Реал Мадрид за позајмица на напаѓачот Ендрик.
Според „ESPN Brasil“, францускиот клуб ќе покрие 50 проценти од платата на 19-годишниот Бразилец - 200.000 евра. Реал Мадрид ќе продолжи да го плаќа остатокот.
Оваа сезона, Ендрик одигра 11 минути во победата од 4:0 над Валенсија во 11. коло од шпанското фудбалско првенство. Неговиот тековен договор е до 2030 година.
Трансфермаркт ја проценува вредноста на фудбалерот на 35 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА