• сабота, 10 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Либанската армија приведе осомничени за нападот врз Израел

Либанската армија приведе осомничени за нападот врз Израел

Бејрут, 17 април 2025 (МИА) - Либанската армија денеска соопшти дека уапсила група луѓе поврзани со истрелувањето ракети кон Израел минатиот месец.

Во соопштението, армијата наведе дека меѓу приведените има и голем број Палестинци кои учествувале во истрелувањето ракети во два одделни напади врз Израел на крајот на март, кои предизвикаа интензивни израелски воздушни напади врз делови од Либан.

Либанската група Хезболах тогаш негираше дека стои зад ракетниот истрел.

Армијата соопшти дека возилото и опремата користени во ракетните напади се запленети, а уапсените се испратени до правосудните органи.

Во соопштението се додава дека армијата извршила рации во различни делови на Либан за да ги уапси осомничените без да даде дополнителни детали.

Либанската државна новинска агенција денеска јави дека генералот Родолф Хаикал на неделниот состанок ја информирал владата за безбедносната ситуација долж границата и за тековното спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која заврши 14-месечната војна меѓу Израел и Хезболах.

Официјален претставник на Хамас рече дека неколку членови на групата неодамна биле уапсени во Либан и ослободени набргу потоа, додавајќи дека тие не биле вклучени во истрелувањето ракети кон Израел.

Тој рече дека во еден случај властите привеле член на Хамас кој носел пиштол за кој немал дозвола. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан