• петок, 05 декември 2025

Лејкерси го победија Милвоки, Дончиќ постигна 41 поен

Лејкерси го победија Милвоки, Дончиќ постигна 41 поен

Милвоки, 16 ноември 2025 (МИА) - Лос Анџелес Лејкерси ноќеска го победија Милвоки со 119:105 на гостински терен во натпревар од регуларната сезона на НБА-лигата.

Словенечкиот интернационалец Лука Дончиќ со 41 поен го предводеше својот тим до триумфот.

Лејкерси се четврти во Западната конференција на НБА. Милвоки е седми на Истокот.

Резултати на другите три средби од НБА-лигата играни ноќта сабота кон недела:
Минесота - Денвер — 112:123
Шарлот – Оклахома 96:109
Индијана – Торонто 111:129. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан