• сабота, 22 февруари 2025

Лефков: Штаб на СДСМ сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога

Лефков: Штаб на СДСМ сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога

Скопје, 2 февруари 2025

Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спасила возачот убиец од затвор за дрога.

Ова се фотографии од куќа сопственост на таткото на судијката Даниела Алексовска Стојановска, во која е сместен штабот на СДС во Ранковце.

Судијата Даниела Алексовска Стојановска која требало да биде непристрасна и без партиски влијанија, не само што во нејзината кариера била пристрасна и работела по налог на СДС, туку во нејзиниот дом го сместила и општинскиот штаб на СДС во Ранковце.

Близината на судијката Даниела Алексовска Стојановска со СДС се гледа не само по нејзините пресуди против ВМРО-ДПМНЕ, туку и по тоа што на истите им отстапила простор за партиски штаб.

Очигледна е симпатијата на судијката Алексовска Стојановска кон СДС, штом како судија се дрзнала да отстапи простор за партиски штаб во нејзиниот дом.

Ова се судиите на СДС, заради кои се потребни итни реформи во судството. Одговорност за слепите послушници на СДС во правосудството кои зацрнија цели семејства мора да има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, интегрален текст од прес-конференција на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

 

Остани поврзан