• сабота, 22 февруари 2025

Лефков: Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?

Лефков: Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?

Скопје, 5 февруари 2025 

Филипче да каже колку пари и плаќале на судијката која го ослободи убиецот или примиле донација од неа?

Во семејната куќа во Ранковце, сопственост на Даниела Алексовска Стојановска е сместен партиски штаб на СДС.

Според закон СДС можеле да го изнајмат деловниот простор во куќата на судијката и за тоа да платат кирија или истата да им го отстапи без надомест, што ќе подпадне под поимот донација.

Венко Филипче мора да каже, каков однос имала неговата партија со судијката која го ослободила убиецот на Фросина. Дали СДС и плаќал кирија на истата и колку и зошто ја одбралe токму нејзината куќа? Или пак станува збор за подарок на судијката кон СДС, во форма на отстапување на деловниот простор без надомест?

Каква и да е врската меѓу судијката Даниела Алексовска Стојановска и СДС, таа е длабока. Оттука го повикуваме Судскиот совет, имајќи го предвид ова, да ја разреши истата од функцијата судија.

 Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

фото ВМРО-ДПМНЕ



Остани поврзан