Лефков: Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДСM
- СООПШТЕНИЕ

Скопје, 4 февруари 2025
Дали судијката Алексовска Стојановска ја финансирала СДС или тие ја поткупувале неа со кирија додека биле на власт?
И Венко Филипче како претседател на СДС и Даниела Алексовска Стојановска треба да кажат како е уреден односот за користење на деловен простор во нејзината семејна куќа во Ранковце од страна на СДС?
Дали СДС плаќала кирија за закуп на судијката и колку? Дали киријата ја плаќале на сметка или во готовина?
Доколку СДС не плаќале за изнајмување на простор дали истите пријавиле донација од страна на судијката во форма на отстапување на деловен простор без надоместок?
Додека СДС и Даниела Алексовска Стојановска смислуваат одговор, судскиот совет да донесе одлука за разрешување на судијката која наркодилер наместо во затвор испратила во поправен дом.
Судскиот совет не може да се прави дека не ги гледа аргументите. Која и ситуација од погоре поставените дилеми да е вистина Даниела Алексовска Стојановска само поради тоа не смее да биде повеќе судијка.
Одговорност мора да има.
Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.