• сабота, 22 февруари 2025

Левица ја поддржува јавната расправа за безбедност во сообраќајот

Левица ја поддржува јавната расправа за безбедност во сообраќајот

Скопје, 3 февруари 2025

 

Пратеничката група на Левица на денешната собраниска комисија го поддржа барањето за јавна расправа за безбедност во сообраќајот. Дополнително, ја информираме јавноста дека пратеничката група на Левица оваа недела ќе поднесе предлог-закон за воведување кривична одговорност за судиите.

Актуелните законски прописи оставаат простор за манипулација и донесување различни судски одлуки за сообраќајните несреќи кои завршувале  со одземање на човечки животи.

Стоиме на ставот дека е неопходно не само последниот случај, туку и бројни претходни случаи кои не се расчистени или во кои правдата не е ни малку задоволена, да бидат ставени под лупа на јавноста и експертите. На овој начин  ќе се лоцираат системските пропусти кои дозволуваат скандалозни судски пресуди за сообраќајни несреќи со смртни последици, кои завршуваат само со условни пресуди!

ПП Левица

Фото: ПП Левица

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 


 

Остани поврзан