• сабота, 22 февруари 2025

Левица: Сергеј Попов во 2014 возел под дејство на алкохол и предизвикал тешка сообраќајка, да поднесе неотповиклива оставка

Левица: Сергеј Попов во 2014 возел под дејство на алкохол и предизвикал тешка сообраќајка, да поднесе неотповиклива оставка

Скопје, 6 февруари 2025 

Претседателот на УМС и пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, Сергеј Попов, во 2014 година, бил фатен пијан зад воланот, со 1,43 грам промили алкохол во крвта, без дозвола за возење и притоа предизвикал тешка сообраќајна несреќа, повредувајќи невина жена. 

Доказ за ова е Пресудата за обвинетиот Сергеј Попов што ја приложуваме пред јавноста.

Наспроти сето тоа, лицемерниот Сергеј Попов деновиве јавно повикува на протести против убијците и возачите кои удираат, повредуваат или убиваат пешаци, а и самиот е виновен за вакво кривично дело.

И покрај тоа што неговите сопартијци во ДПМНЕ сакаат да го претстават како борец за правда, јавноста добро знае да процени дека не може некој како Сергеј, што е осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи.

Како може Попов да се дрзне да зборува за системот кој убива? Сергеј Попов, кој ги загрозува животите на другите, сега го користи своето криминално досие како платформа за нова политичка кариера. Тоа што повикува на протести е само обид да го прикрие од очите на јавноста своето криминално минато, користејќи ги трагедиите на другите луѓе за свој личен интерес.

Поради сето ова, Левица бара од Сергеј Попов да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС.

Присуство на Сергеј Попов во политиката е директна навреда и деградација за сите млади кои се борат за вистинска правда и правна држава, без манипулации и без криминално минато.

линк:
https://we.tl/t-qPeZIZBZK0

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото: МИА архива

 

Остани поврзан