• петок, 21 февруари 2025

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ - цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Левица: Владата кажа дека нема да го помага ЕСМ - цехот ќе го плаќаат граѓаните со поскапо парно

Скопје, 31 јануари 2025

Неодамна министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска изјави дека не планираат да инвестираат во оваа државна компанија и ја упатија помош да бара од кредити во приватните банки, наместо да ѝ помогне Владата. Ваквиот неодговорен чин ги покажува првите ефекти – ЕСМ бара и до 20% зголемување за цената на парното и топлинската енергија во грејна сезона и во време на висока инфлација.

Министерката Кочоска, иако призна дека ЕСМ ја наследиле во долгови акумулирани од расипничкото работење на СДС и ДУИ - наместо да се иницира одговорност за претходните раководни кадри, граѓаните преку поскапо парно ќе ги плаќаат долговите од расипничкото работење.

Власта на Мицкоски со одлуката ЕСМ да ја надминува кризата со кредити кај банките и тајкуните, значи само дека товарот паѓа на грбот на граѓаните. Додека обичниот народ едвај врзуваат крај со крај, соочени со висока инфлација, раст на цените на прехранбените производи и мизерни плати, власта наместо да обезбеди стабилност во енергетскиот сектор – им подготвува нов удар врз џебот на граѓаните!

Со најавеното покачување на цената на парното за дури 20%, Владата покажува дека нема апсолутно никаква визија за зајакнување на енергетскиот сектор, ослободен од приватните интереси на крупниот капитал. Додека големите бизниси добиваат државни субвенции и даночни олеснувања, граѓанинот ќе плаќа поскапа топлинска енергија за спас на ЕСМ од расипничкото работење на претходните власти.

Левица апелира дека власта мора да изнајде механизми за стабилизација на енормниот раст на цените, откако преходно покачување имаше и на струјата, спротивно на најавите на власта на Мицкоски. Наместо поскапување на парното, власта треба да ги расчисти криминалите на претходната власт, која ја остави државната компанија ЕСМ во долгови и неможност да ги сервисира основните потреби на граѓаните.

 

Сектор за медиуми и односи со јавност при ПП Левица 

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Остани поврзан