• петок, 12 декември 2025

Лајен за Украина: Претстојната недела ќе биде одлучувачка

Лајен за Украина: Претстојната недела ќе биде одлучувачка

Брисел, 11 декември 2025 (МИА) – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска соопшти дека разговарала со партнерите од таканаречената „Коалиција на подготвените“ за ставање крај на војната во Украина и истакна дека партнерите потврдиле дека целта е да се постигне праведен и одржлив мир.

- Одржливиот мир значи дека секој мировен договор не смее да содржи семе на иден конфликт и да ја дестабилизира пошироката европска безбедносна архитектура, напиша фон дер Лајен на X.

Таа изјави дека со партнерите разговарала за потребата од „робусни и сигурни“ безбедносни гаранции.

Лајен додаде дека ги информирала лидерите од групата „Коалиција на подготвените“ за работата за обезбедување финансии за Украина за периодот 2026-2027 година.

- Нашите предлози се на маса и на сите им е јасно колку е итна ситуацијата. Претстојната недела ќе биде одлучувачка, напиша Фон дер Лајен. јт/

Остани поврзан