• петок, 21 февруари 2025

Лами: Исправно е новата администрација на САД да го разгледа договорот со Маурициус

Лами: Исправно е новата администрација на САД да го разгледа договорот со Маурициус

Лондон, 20 јануари 2025 (МИА) – Шефот на британската дипломатија Дејвид Лами денеска изјави дека е исправно што новата американска администрација има можност да го преиспита договорот со Маурициус за иднината на американско-британската воена база во Индиски Океан.

- Точно е и е исправно новата администрација тоа да го разгледа, посочи Лами.

Според договорот, Велика Британија, која го контролира регионот од 1814 година, ќе го отстапи суверенитетот над островите Чагос на Маурициус.

Маурициус стана независен во 1968 година, тоа беше последна британска прекуморска територија во Африка. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан