• петок, 21 февруари 2025

Курдските сили во Сирија не добиле известување за повлекувањето на американската војска

Курдските сили во Сирија не добиле известување за повлекувањето на американската војска

Дамаск, 5 февруари 2025 (МИА) - Сириските демократски сили (СДФ), предводени од Курдите, денеска соопштија дека не добиле официјално известување од американската војска за нејзино повлекување од северна и источна Сирија.

- Очигледно е дека Исламска држава и други непријателски сили ја чекаат шансата за повлекување на САД, за да се реактивираат и да ја вратат ситуацијата од 2014 година, изјави портпаролот на СДФ, Фархад Шами.

Претходно, Ен-Би-Си Њуз објави дека Пентагон планира повлекување на американските трупи од Сирија. САД ги сметаат курдските сили за клучни сојузници во борбата против терористичката групација Исламска држава, додека Турција ги гледа како закана за својата национална безбедност.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и новоименуваниот сириски претседател Ахмед Ал Шара разговараа во Анкара за мерките што треба да се преземат против курдските милитанти во североисточна Сирија, соопшти кабинетот на Ердоган. ссм/

фото: архива

Остани поврзан