• петок, 05 декември 2025

Кузеска: Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

Кузеска: Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

Скопје, 13 ноември 2025

Денес ќе објавиме серија на информации кои отвораат сериозни сомнежи дека мега скандалот со корупцијата во ИПАРД фондовите води директно до врвот во власта. Повеќе од јасно е дека овој скандал не е изолиран случај, туку само ја потврдува системската корупција која ДПМНЕ ја воспоставило во агенцијата, се вели во соопштението од СДСМ од денешната прес-конференција на портпаролката Богданка Кузеска што МИА го пренесува интегрално.

Тоа не е изненадување, историјата не учи дека секогаш кога е ВМРО-ДПМНЕ на власт, секој скандал или злоупотреба е со амин на раководство на партијата.

Еве како се поврзани сите во скандалот од власта за што мора итно да има проширување на истрагата.

Имено, Илија Стоилев додека ја вршел функцијата Директорт на Агенцијата за финансиска поддршка, бил и активен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе.

Она што е интересно е дека Стоилев е близок пријател на Игор Миќев викан Панкерот кој пак е во кумска односно кумашинска врска со премиерот Христијан Мицкоски.

Од информациите кои ги добиваме од свиркачи, вработени во Министерството за земјоделие, токму Панкерот, кумот на Христијан Мицкоски, се однесувал деспотски во министерството вршејќи притисоци врз вработените за распределба на средства за субвенции и концесии.

Од она што е доставено до нас од овие свиркачи токму кумот на Мицкоски се споменува како можен главен задолжен за сите криминални шеми и притисоци во министерството.

Затоа, според истите информации и тој требало да биде опфатен со истргата.

За ситуацијата да биде уште посериозна, кумата на Мицкоски и сопруга на Панкерот е вработена во Агенцијата за финансиска поддршка од каде според информациите кои се доставени до нас, без нејзино одобрение не се пуштала ниту една исплата на парите од ИПАРД програмите.

Денес Христијан Мицкоски директно треба да одгвори.

Дали под истрага се и неговите кумашини Игор и Цветанка Миќеви?

Дали имало провизии и дали дел од провизиите завршувало кај него или во ВМРО-ДПМНЕ?

СДСМ објавуваше изминатата година дека во во Агенцијата се случува буквално кражба, рекет и мито на секој чекор, но сега тоа излезе на виделина.

Дали оваа шема на испумпување пари била начин за финансирање на Мицкоски и партијата?

Понатаму, дали и колку пари од субвенции се испрани или е побарано мито за да бидат исплатени?

Дали кумот на Мицкоски бил човекот кој вршел рекет врз земјоделците преку негови луѓе во Агенцијјата за финансиска поддршка?

Бараме истрагата за овој случај одма да биде проширена од страна на обвинителството. Бараме да се истражат сите други злоупотреби кои се случувале во агенцијата и во сектор земјоделие за кои укажувавме дека е едно од најкорумпираните сектори откако ДПМНЕ дојде на власт.

Во целиов скандал јасно е само дека земјоделците кои што инвестирале се најголемите жртви на партиските криминални шеми за ИПАРД 3.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ

Остани поврзан