• петок, 05 декември 2025

Кристијанштад нов лидер во Ф-групата на Европската лига, Вардар пласман во следната фаза ќе „брка“ во Скопје

Кристијанштад нов лидер во Ф-групата на Европската лига, Вардар пласман во следната фаза ќе „брка“ во Скопје

Кристијанштад, 12 ноември 2025 (МИА) – Ракометарите на Кристијанштад се искачија на првото место во Ф-групата на Европската лига, откако вчеравечер на домашен терен го победија Вардар со 32:31. 

Ниту осумте гола на Дмитаро Хориха и 18-те одбрани на Милош Валах не беа доволни македонскиот тим да го избегне поразот.

Вардарци остануваат посветени на целта - пласман во следната фаза. Тоа ќе се обидат да го направат на реваншот со Кристијанштад веќе во следното коло.

Табела Ф-група Европска лига на ЕХФ:
1.Кристијанштад 5 бода
2.Вардар 4
3.Сесвете 3
4.Тулуз 0. зс/

Фото: РК Вардар

Остани поврзан