• петок, 05 декември 2025

Кристенсен за натпреварот против Шкотска: Не можев да го гледам натпреварот по моето исклучување, го разочарав тимот

Кристенсен за натпреварот против Шкотска: Не можев да го гледам натпреварот по моето исклучување, го разочарав тимот

Глазгов, 19 ноември 2025 (МИА) - Данскиот фудбалер Расмус Кристенсен се извини за неговото исклучување на натпреварот против Шкотска (2:4) синоќа во шестото коло од квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Дваесет и осумгодишниот дефанзивец го напушти теренот во 61-вата минута по добивањето на црвен картон (втор жолт).

-Не можев да го гледам натпреварот по моето исклучување. Беше ужасно. Мислам дека го разочарав тимот откако израмнивме 1:1. Ги прифаќам критиките и заслужувам остри зборови, рече Кристенсен на официјалната веб-страница на УЕФА.

Шкотска освои 13 бода и се квалификуваше за Светското првенство 2026 година од првото место во Групата Ц. Данска заврши втора и ќе игра во плејофот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан