• петок, 21 февруари 2025

Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари

Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари

Њујорк, 21 јануари 2025 (МИА) - Новосоздадената криптовалута на американскиот претседател Доналд Трамп порасна на повеќе од 10 милијарди долари пазарна капитализација вчера кога тој ја презеде функцијата за неговиот втор мандат.

Позната како $TRUMP, лансирана во петокот, таа се зголеми од помалку од 10 долари во саботата наутро на 74,59 долари.

Трамп го лансираше дигиталниот токен со брендирање што вклучуваше слика од обидот за атентат врз него во јули.

Во неделата, Меланија Трамп лансираше сопствена монета - $MELANIA. Нејзината пазарна капитализација е многу над милијарда долари. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан