Крива Паланка го усвои Локалниот еколошки акционен план 2025–2030
- На денешната, трета, седница на Советот на Општина Крива Паланка беше усвоен новиот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) 2025–2030, најважниот стратешки документ за заштита и унапредување на животната средина во општината.
Крива Паланка, 9 декември 2025 (МИА) - На денешната, трета, седница на Советот на Општина Крива Паланка беше усвоен новиот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП) 2025–2030, најважниот стратешки документ за заштита и унапредување на животната средина во општината.
-По повеќе од две децении од последниот ЛЕАП, со новиот документ се дефинираат 97 мерки за поодржлива, почиста и зелена Крива Паланка во наредните шест години. Визијата на Локалниот еколошки акционен план 2025–2030 е: одржлива мобилност и модерна инфраструктура, зелен и чист урбан простор, паметни климатски решенија, ефикасно управување со отпад, развој на еко-туризам, посочуваат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.
Со донесувањето на ЛЕАП се поставува основата за поздрава и поодржлива иднина, се целиот документ е достапен на следниот линк: https://www.krivapalanka.gov.mk/wp-content/uploads/2025/12/LEAP.pdf, на веб-страницата на Општина Крива Паланка.ид/вј/
Фото: Општина Крива Паланка