Крводарителска акција во просториите на Меѓународниот аеродром Скопје
- ТАВ Македонија во соработка со Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска реализираше акција за дарување крв од страна на вработените на Меѓународниот аеродром Скопје, во просториите на аеродромот. Целта на крводарителската акција е да се зголеми свеста за значењето на крводарителството и да се поттикне хуманост, солидарност, а со тоа и личен придонес кон спасување на животи.
Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - ТАВ Македонија во соработка со Црвен Крст и Институтот за трансфузиона медицина, денеска реализираше акција за дарување крв од страна на вработените на Меѓународниот аеродром Скопје, во просториите на аеродромот. Целта на крводарителската акција е да се зголеми свеста за значењето на крводарителството и да се поттикне хуманост, солидарност, а со тоа и личен придонес кон спасување на животи.
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, посочи дека акцијата претставува дел од вредностите врз кои се темели корпоративната култура на компанијата.

-ТАВ Македонија верува дека успехот не се мери само во статистики и бројки, туку и во влијанието што го создаваме врз заедницата. Дарувањето крв е едноставен, а бесценет чин, една донирана единица може да значи нова шанса за нечиј живот. Оваа акција има јасна порака дека хуманоста е дел од нашата деловна филозофија. Им благодарам на колегите доброволци од Меѓународниот аеородром Скопје, кои се пријавија да даруваат крв, изјави Курт.
Најави дека ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на групацијата АДП ќе се стреми оваа акција да прерасне во редовна и трајна хуманитарна пракса на компанијата, којшто меѓудругото ќе го зајакне и волонтерскиот дух меѓу вработените.
-Секоја акција за дарување крв е од големо значење за лицата на кои им е најпотребна, како и за дополнување на резервите на крв и крвни продукти. Вклучувањето на вработените на ТАВ Македонија, како општествено одговорна компанија, дава значаен придонес и го изразува највисокиот чин на хуманост, рече Здравко Георгиевски, Секретар на Општинската организација Црвен Крст Гази Баба.вј/са/
Фото: ТАВ Македонија