Крводарителска акција во ОВР – Кочани
- Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.
Кочани, 14 ноември 2025 (МИА) - Црвен крст на Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.
На акцијата крв даруваа 15 крводарители.

Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.
Црвен крст Кочани во соработка со ОВР – Кочани во текот на годината спроведува три редовни крводарителски акции во просториите на полициската станица во месеците март, јуни и ноември. ис/сст/
фото: МИА