Кран се урна во Газа поради силен ветар, загинаа двајца израелски војници, а осум се повредени
- Двајца израелски војници загинаа, а осум се ранети во несреќа доцна синоќа во Појасот Газа, соопшти израелската војска (ИДФ).

Тел Авив, 6 февруари 2025 (МИА) - Двајца израелски војници загинаа, а осум се ранети во несреќа доцна синоќа во Појасот Газа, соопшти израелската војска (ИДФ).
Поради силните ветрови, кран се урна врз израелските војници, објави Тајмс оф Израел.
„Загинаа двајца војници на возраст од 20 и 21 година. Од осумте ранети војници, еден е во тешка состојба“, соопшти ИДФ. паг/
Фото: МИА архива