Костовски на ФБ: Целосно е реконструирана улица „2“ во населеното место Расадник
- Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „2“ во населеното место Расадник. при што оцени дека улицата во најбрз можен рок е целосно рекностуирана и завршена.
Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски денеска изврши увид во градежните активности на улицата „2“ во населеното место Расадник. при што оцени дека улицата во најбрз можен рок е целосно рекностуирана и завршена.
-Продолжуваме со градежната офанзива и ги реализираме ветувањата. Направив увид во градежните активности на улица „2“ во населеното место Расадник која во најбрз можен рок е целосно реконструирана. Ова е улица во должина од 250 метри и површина од 1000 квадратни метри, напиша Костовски на својот фејсбук профил.
Најави дека во ова населено место наскоро ќе се реконструираат и улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“.
-Инвестираме и градиме онаму кадешто никој во изминатите децении немал интерес. Продолжуваме, заедно со сите вас да ја градиме и развиваме општина Бутел во модерно и подобро место за живеење, порача Костовски на Фејсбук. вј/дма/
Фото: Фејсбук Костовски