Костадиновски ја презеде функцијата градоначалник на општина Виница
- Во просториите на Општина Виница денеска се изврши официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Миле Петков и новоизбраниот градоначалник Митко Костадинoвски.
Виница, 10 ноември 2025 (МИА) - Во просториите на Општина Виница денеска се изврши официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Миле Петков и новоизбраниот градоначалник Митко Костадинoвски.
По извршеното предавање на документацијата и обврските што следуваат во рамки на оваа одговорна функција, двајцата градоначалници го потврдија значењето на континуитетот, одговорноста и посветеноста во служба на граѓаните.
Миле Петков му посака успешна работа на новиот градоначалник, со верба и надеж Општина Виница да продолжи да се развива во интерес на сите граѓани.

Новиот градоначалник Митко Костадиновски ја презеде одговорноста да ја води Општина Виница во наредните четири години. Тој најави дека на почетокот од мандатот фокусот ќе го насочи кон динамично продолжување на веќе започнатите инфраструктурни и урбани проекти и реализирање на сите проекти во предизборната програма. ис/мд/
фото: МИА