• сабота, 22 февруари 2025

Косовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка уапсен во Призрен

Косовскиот министер за регионален развој Фикрим Дамка уапсен во Призрен

Призрен, 10 февруари 2025 (МИА) - Министерот за регионален развој на Косово во заминување и претседател на Демократската партија на Турците на Косово, Фикрим Дамка е уапсен во Призрен поради сомнение дека сторил кривично дело напад и закани, потврди призренската полиција.

„Полицијата интервјуираше осомничени и жртви и беа собрани други докази и сведочења“, рече портпаролот на регионалната полиција во Призрен, Шаќир Битиќи.

По разговорот, обвинителот нареди Дамка и уште еден член од неговото семејство да бидат задржани во полициски притвор до 48 часа. паг/

Фото: (Икс)

Остани поврзан