• петок, 05 декември 2025

Конституиран Советот на Општина Чешиново - Облешево, Димишков избран за претседател

Конституиран Советот на Општина Чешиново - Облешево, Димишков избран за претседател

Кочани, 17 ноември 2025 (МИА) - Советот на Општина Чешиново-Облешево денеска ја одржа својата конститутивна седница во новиот мандат. 

Седницата почна со верифицирање на мандатите на сите 11 избрани советници, со што и формално беше потврден нивниот легитимитет за извршување на советничката функција.

По утврдувањето на мандатите, советниците свечено се заколнаа дека одговорно и совесно ќе ги исполнуваат своите обврски во согласност со Уставот, законите и интересите на граѓаните на општината.

На дневен ред беше и изборот на претседател на Советот. Со седум гласа „за“ за претседател беше избран Горанчо Димишков, носител на листата сосоветници на коалицијата „Твоја Македонија" предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Димишков ќе ја предводи советничката структура во наредните четири години, период во кој се очекува Советот да работи на донесување развојни одлуки, подобрување на локалните услуги и унапредување на условите за живот во општината. ис/фф/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан